Не сакал да признае дека е татко, па го испратил својот брат на ДНК-тестирање: Исходот не го очекувал

Тестот покажал негативен резултат, но мајката на детето не се предала. Таа побарала да се повтори тестот, но овој пат сакала да биде присутна на земањето мостри.

Германец од Долна Саксонија не сакал да признае дека е татко на детето, па го испратил својот брат, кој изгледа слично на него, за ДНК-тестирањето, што го побарала мајката на детето, пишува списанието Феникс.

Тестот покажал негативен резултат, но мајката на детето не се предала. Таа побарала да се повтори тестот, но овој пат сакала да биде присутна на земањето мостри. Тестот покажал дека човекот, кој не сакал да признае татковство, е татко на едногодишно дете, објави во средата Високиот суд во Олденбург.

И мажот и неговиот брат биле пријавени за обид за измама.


Фото: фреепик

Можеби ќе ве интересира:

Некогаш кога ќе ми донесе чоколадо, ќе му кажам дека е најлошиот татко во градот...