Не се сите мажи исти, престанете да го кажувате тоа: Колку побрзо сфатите, толку побрзо ќе запознаете партнер кој навистина ја цени личноста до себе
Оваа неоснована
изрека создава бројни проблеми на самиот почеток на една врска, создава потреба за оправдување
без никакв причина. Најчесто жените влегуваат
во врски со претпоставка дека сите мажи изневеруваат и тогаш нивните партнери се
обвинети од самиот почеток, што е погубно за еден однос.
Маите се виновни додека не се докаже нивната невиност, а таа е многу тешко може да се докаже, па затоа сите знаете како започнува познатата приказна „Па ... сите се исти“.
Тогаш секој маж се наоѓа во ќорсокак наречен „Ама, јас сум поинаков“ што ја влошува ситуацијата уште повеќе. Клише по клише, па дефинитивно изневерување.
Но еве една поинаква приказна, дека не се сите мажи исти, навистина не се:
- Јас сум маж и никогаш не сум изневерувал.
Никогаш не сум дошол ниту блиску да изневерам некого.
Никогаш не сум се заљубил во некоја друга додека сум во врска.
Никогаш не сум направил ништо за да ја оштетам нашата врска.
Никогаш не фантазирав за други или флертував со нив.
Сепак, и покрај тоа што никогаш не сум ист како „оние неверни мажи“, ниту сум инзеверувал, секогаш ме обвинуваа дека сум таков. Многупати, без повод, дело или каква било причина. Сите ги „изневерував“, дури и кога немаа апсолутно никаков повод за тоа, а тоа полека ме “убиваше“.
Речиси секогаш се случуваше партнерките да не ми веруваат во врските, но тоа не се однесуваше на мене, бидејќи јас им верував. Причината поради која им верував е тоа што влегов во однос со нив без претпоставки и се посветував максимално.
А тие, тие правеа само една работа. Си повторуваа: „Сите мажи се исти, изневеруваат и лажат“. Ако имам машки орган меѓу моите нозе автоматски значеше дека изневерувам. Мислам дека воопшто не треба да биде така. Кога и реков на една девојка дека никогаш во животот не сум изневерил ниту една партнерка, таа ми одговори: „Да, да, сигурно... Нормално е да го кажеш тоа, а можам да се обложам дека не е така“. Други рекоа дека веруваат, но со оглед на тоа дека сум машко, ако не сум изневерувал прано, не значи дека нема да изневерувам во иднина, затоа што на крајот на краиштата, МАЖ СУМ.
Дали имам машки орган меѓу моите нозе автоматски значи дека изневерувам?
Кога излегував на состанок, обично сакав да дознавам работи за луѓето со кои сум. Сакав да знам што ги прави тоа што се. Наместо тоа, поголемиот дел од времето го минував оправдувајќи се дека не сум „како сите други“ и дека навистина не изневерувам, ниту сакам. Кога почнуваат да ми кажуваат како сите нивни бивши ги изневерувале, се прашувам што кажува тоа за мене, а што за нив? Секој разговор на крајот се претвора во детективска истрага.
Не сакам да кажам дека нема разни кретени што изневеруваат. Ги има многу. Но, знаете што друго има многу? Добри мажи, оние кои не изневеруваат и на кои им е грижа за својата девојка. Но, мислам дека не треба да нè одликуваат со медали и да ни даваат награди, бидејќи сме добри. Напротив. Јас не сум некој посебен вид кој е имун на изневерување. Едноставно не сакам да изневерувам, а тоа е дел од моите морални вредности.
Исто така, не ги судам тие што изневерувале. Верувам дека работите не се црно-бели кога станува збор за измамите. Меѓутоа, она што го ценам е чесноста, интегритетот и лојалноста на личноста на која сум лојален. Многу ја ценам довербата и се трудам да ја изградам. Она што исто така би сакал почесто да го доживувам е да не ме обвинуваат поради постапките на други луѓе. Ве молам жени, не пристапувајте со таков став, бидејќи не изневеруваат сите. Затоа не во ред да се каже дека сите сме исти.
Колку побрзо го сфатите ова, толку побрзо ќе ги запознаете оние кои не изневеруваат.
Колку побрзо се ослободите од предрасудите, толку подобро ќе бидете во животот.
Ајде да направиме нешто поинакво. Наместо да го започнеме разговорот со претпоставки, да му пристапиме на овој начин. Кажете си: „Заинтересирана сум да научам нешто за тебе“. Ти верувам, затоа што не те познавам и никогаш не си ми направил ништо лошо. А и ти ми веруваш. Ајде да се договориме да си веруваме додека некој од нас не ја изневери таа доверба?“
После тоа, зборувајте за сè. Само не повторно за тоа како сите мажи се исти, бидејки не се!
Фото:Freepik