Не смее да задржи подарок поскап од 150 фунти: Кралски правила за Меган Маркл
Кралското семејство веќе неколку месеци е во центарот на медиумското внимание и тоа поради сопругата на принцот Хари, Меган Маркл.
Војвотката од Сасекс пред неколку денови го прослави 37 роденден, но за тој повод таа не доби роденденска прослава, туку со сопругот беше на свадба на негов близок пријател.
Иако многумина очекуваа дека таа ќе добие гламурозна роденденска прослава, сепак тоа не се случи. Причината за тоа е што мора да се почитува протоколот според кој, роденденските прослави се одбележуваат во кругот на семејството и на тој начин се исклучува јавноста.
Во однос на подароците, Маркл не смее да задржи подарок поскап од 150 фунти. Тоа значи дека на пример, нема да мора да врати книга, доколку содржината на истата не е контроверзна. Исто така, не смее да задржи подарок од личност која лично не ја познава, ниту пак од компанија која ќе се обиде на таков начин да се промовира.
Овие правила важат за сите членови на кралското семејество. Тие исто така мораат да вратат подароци кои сметаат дека им се дадени со некаков скриен мотив, а со кој би се искористило кралското семејство. Доколку за подарок добијат пари и не можат да ги вратат, истите се донираат во хуманитарни цели.