„НЕДОЗВОЛИВО E ВО 21. ВЕК ДА ГЛЕДАМЕ ТЕШКИ КЛИНИЧКИ СЛИКИ НА ГОЛЕМА КАШЛИЦА“: Во Клиниката Козле има и до 200 прегледи во едно деноноќие

Добивај вести на Viber

Ова е сезона на респираторни инфекции и вообичаено бројот на прегледи во текот на зимските месеци е голем. Овие денови бројот на прегледи во едно деноноќие се движи од 150 до 200. Гужвите се големи, Клиниката работи 24 часа секој ден, и додека другите ги чествуваат празниците, нашите дежурни служби, навистина, интензивно работат, вели за Фактор д-р Горица Попова, специјалист микробиолог во Универзитетската Клиника „Козле“. 

Во однос на тоа со каква клиничка слика и какви симптоми доаѓаат пациентите, д-р Попова појаснува дека има две крајности, пациенти со лесна клиничка слика и сериозно болни дечиња на кои им е потребна навремена лекарска помош.

-Особено атакувани се најмалите- доенчињата и децата од малата предшколска возраст. Кај нив доминираат симптоми, воглавно, поради стеснување на малите дишни патишта, тоа го отежнува дишењето, и понекогаш овие пациенти треба да бидат примени во болница како би можеле интензивно да бидат следени и адекватно лекувани. Последниве денови гледаме и пациенти со висока температура, изнемоштени, со помалку или повеќе изразена респираторна симптоматологија. Со цел да се овозможи полесен пристап до лекарска помош на сериозно болните деца, би апелирала до родителите, доклку децата се со лесна респираторна симптоматологија, да почекааат, да ги негуваат децата во домашни услови, да ја следат нивната состојба. Во голем процент респираторните инфекции поминуваат сами од себе, но, сепак,  доклку нешто го вознемири родителот се разбира дека може да дојде и да побара лекарска помош, вели таа.

Продолжува на Фактор.мк