Негувајте добри мисли и вашиот живот ќе ви донесе само добри плодови

Нека мисијата за денес биде: размислувајте позитивно!

Добрата мисла во срцето се претвора во убав збор или прекрасно дело. Прегратка, насмевка, светлина и љубов произлегуваат од таквата мисла. Тоа е мисла која трепери како пламен од свеќа во нашиот ум и срце - мисла која нѐ потсетува дека сме суштества на светлината и дека можеме со неа да зрачиме. Затоа е важно да ги филтрираме нашите мисли секој ден, да ги отфрламе оние кои се тешки, негативни, кои нѐ оптоваруваат. Наместо нив, во умот и срцето нека влезат позитивни и убави мисли кои го осветлуваат нашиот живот.

Мислата е како семето што ќе го засадите, во зависност од тоа дали е добро или лошо, ќе даде такви плодови. Добрата мисла, доброто семе, дава само слатки, добри и богати плодови. Многу работи во нашиот живот зависат од мислите што ги негуваме. Мисијата за денес нека биде размислувајте позитивно!

Среќен понеделник!


Foto: freepik