Некои не можеа да забременат, а некои не сакаа да си ја уништат линијата: Овие жени добија деца со помош на сурогат мајка

Добивај вести на Viber

Најголемите светски ѕвезди од различни причини се одлучија за сурогат мајчинство и основање семејство

Пејачката Марија Шерифовиќ пред неколку дена доби бебе благодарение на сурогат мајка.

Најголемите светски ѕвезди од различни причини се одлучија за сурогат мајчинство и основање семејство. Иако сурогат мајчинството се доживува како табу тема, додека сè поголем број познати жени јавно излегуваат со приказни за тоа како тоа бил единствениот начин да ја исполнат својата улога како мајка.

На 25-ти јануари Парис Хилтон објави дека станала мајка. Магазинот „Пипл“ објави дека Парис и нејзиниот сопруг Картер Реум го добиле првото дете благодарение на сурогат мајка.

„Отсекогаш ми беше сон да бидам мајка и многу сум среќна што Картер и јас се најдовме“, изјави Парис.

Ребел Вилсон, комичарка, сценарист и актерка, на 7-ми ноември минатата година изјави дека станала мајка.

- Горда сум што можам да го објавам раѓањето на моето прво дете, Ројс Лилијан, родено минатата недела преку сурогат.

Пријанка Чопра и пејачот Ник Џонас на 21-ви јануари потврдија дека го добиле своето прво дете преку сурогат.

- Многу сме среќни што можеме да потврдиме дека бебето го дочекавме преку сурогат.

Сара Џесика Паркер, ѕвездата од серијата „Сексот и градот“ и сопругот Метју Бродерик добија ќерки близначки со помош на сурогат.

- Веќе неколку години се обидуваме да го прошириме семејството и всушност истражувавме различни начини да го направиме тоа. Ова беше единственото нешто за кое сериозно разговаравме и имаше реални можности за нас – изјави Паркер.

По две комплицирани бремености и болест на плацентата, Ким Кардашијан се реши за сурогат мајка и така го доби своето трето и четврто дете со поранешниот сопруг Канје Вест.

Оскаровката Никол Кидман и музичарот Кит Урбан добија второ дете благодарение на сурогат мајка. Актерката рече дека ја нашла „најпрекрасната жена на светот“ која ѝ помогнала.

Актерката Џејми Чунг ја изненади јавноста во октомври минатата година кога објави дека добила близнаци со нејзиниот сопруг, колегата Брајан Гринберг.

- Се плашев од бременост. Се плашев да го ставам животот во мирување две или повеќе години. Во мојата индустрија изгледа дека лесно ве забораваат ако не сте работеле месец дена. Работите се движат толку брзо во она што го правиме. Значи, тоа е компромис што го направивме заедно како двојка“, изјави таа.

Извор: www.espreso.co.rs