Немам сила, зафатот траеше меѓу три и четири часа: Боки 13 се опоравува по петтата операција
Поранешниот водител и шоумен Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, во неделата на 14 јануари по петти пат беше опериран, а сега зборувa за Телеграф.рс и откри како се чувствува.
Како што ни откри, операцијата била напорна и траела дури четири часа.
-Немам силa, но во ред, се опоравувам. Сега ми извадија два липома, резултат на операција, од двете страни на стомакот. Направив операција на Државната клиника, а операцијата траеше меѓу три и четири часа, ми беа извадени липомите и сега сум во завои, што е нормално - изјави Боки.
Тој додаде дека е пуштен од болница и моментално е на домашно лекување.
-Се помина добро, искрено се надевам дека повеќе нема да има. Во неделата бев на операција, а вчера излегов од болница, сега сум дома -изјави Боки.
Да потсетиме, Боки 13 неодамна излезе од затворот „Идризово“ каде помина четири години.
Иако ретко се огласува на социјалните мрежи, поранешниот водител откри како ја поминал Новата година.
Тој позираше во својот стан, покрај накитена елка, а во рацете држеше перница со Дедо Мраз.
-Домот е најскапоценото место на светот. Среќна Нова 2024 година!!! Во Новата 2024 година ви посакувам бескрајна среќа и здравје, многу радост и благосостојба. И верувајте, верувајте и верувајте силно и никогаш не се откажувајте од вашите цели без разлика колку е тешко и невозможно. Помагаат силната вера, искрената желба и позитивната мисла! Дека сте живи и здрави. Среќна Нова Година – напиша Боки.
Фото: Инстаграм
Извор: Telegraf.rs