Невеста ја откажа свадбата откако гостите не ѝ уплатија пари за подарок
На социјалните мрежи се појави меил во кој невестата на гостите им пишува дека свадбата е откажана, затоа што тие не ја уплатиле сумата од 1.500 долари која таа и младоженецот ја нарачале од секој гостин како подарок.
Извесна Сузан од Канада веста за откажувањето на венчавката им ја соопштила на пријателите само четири дена пред свадбата, пишува „Мирор“.
„За жал мојот свршеник и јас раскинавме поради некои проблеми кои не можат да се поправат. А тие се од финансиска природа. Не баравме многу, од секој гостин по 1.500 долари. Како можевме да ја имаме венчавката од соништат без соодветни подароци?“, пишува Сузан во мејлот.
Само осум од гостите ја уплатиле оваа сума на нивната сметка. Кумата им уплатила 5.000 долари, а семејството на несудениот младоженец 3.000.
„Нашето барање за подарокот од 1.500 долари воопшто не беше необично. Само осум од гостите ни пратија чек со тој износ“, додава Сузан.
Откако не ја добила планираната сума, свршеникот ѝ понудил ефтина венчавка во Лас Вегас, а таа му се насмеала во лице. Наводно, на крајот родителите и кумата ги повлекле уплатените пари, а свршеникот ја оставил.