Невиден скандал: Кумот ѝ удрил тупаница на невестата, а младоженецот го плукнал – Ѝ пришол на мајката на невестата, ја бакнал и ѝ кажал...

Добивај вести на Viber

На една свадба во 2021 година се случил скандал кој за кратко време го обиколи светот, а таа приказна се прераскажува и денес.

На новопенчаната двојка се им одело добро се додека кумот Рикардо не ја прекинал веселбата. Пред првиот танц на младенците, тој станал и и пришол на невестата која разговарала со нејзината мајка. Потоа и удрил шлаканица, а кога тааму  возвратила, ја удрил со тупаница по лицето, по што паднала на подот, пренесува News 13.

Дотрчал младоженецот Семјуел, но кумот не го ни допрел, туку само го плукнал во лице. Разгневено семејството од двете страни се упатило кај кумот за да го избрка од свадбата, но тој опкружен со пријателите, исто така и пријатели на младоженецот, побарал само да го земе микрофонот, да каже неколку зборови и да си замине од прославата.

Рикардо рекол дека невестата, инаку негова тајна девојка, последниве две години го „влечела за нос“, ветувајќи му дека ќе раскине со идниот сопруг, неговиот пријател, бидејќи отсекогаш била вљубена во него.

Потоа додал дека абортирала поради нејзиниот богат и успешен сопруг, иако тој ја молел да не го прави тоа затоа што повеќе од се сака дете со неа.

- Јасна  беше пресметката, да се омажи за богат сопруг. Иако таа секогаш ме сакаше. На крајот, пред три недели, таа одеднаш ми кажа дека ќе се мажи и дека никогаш повеќе не треба да и се јавам. А пред тоа ми вети дека ќе имаме иднина. Ние дури и направивме дете!

- А Самуел ми позајми пари минатата година кога немав што да јадам и по три недели ме бркаше веднаш да му вратам се, иако имаше толку пари на сметките што можеше да не купи сите овде - рекол бесниот кум. , нагласувајќи дека прифатил да дојде на свадбата само затоа што се чувствувал должен затоа што Самуел му помогнал кога му било најпотребно.

Рикардо потоа и пришол на мајката на невестата и ја бакнал во образ, велејќи и дека нејзиниот сон тој и нејзината ќерка да бидат заедно никогаш нема да се оствари. Многу гости, меѓу кои и мајката на невестата, беа погодени од оваа приказна и насилството на Рикардо, па свадбената церемонија беше прекината на половина час.

Фото:freepik