Нико Беќаровски: Малолетните девојчиња повеќе се опиваат од момчињата

Добивај вести на Viber

Последниве две-три години девојчињата под 18 години повеќе сакаат да пијат алкохол, па се случува и со две испиени чаши во лоша состојба да завршат во болница, открива д-р Нико Беќаровски, директорот на Клиниката за токсикологија во интервју за порталот „Панацеа“.

- Според последните податоци, кај повозрасните пациенти односно од 18 до 65 години, позастапена е машката популација, но кај младите, последните две-три години девојчињата се почести. Најмладиот пациент што сме го третирале е 14 години, но кај нас се јавувале и деца кои имале по 11-12 години. Поради законски причини ние мора нив да ги испратиме на Детска клиника - открива Беќаровски.