Никогаш да не се повтори: Две години од поплавите во Скопско

Добивај вести на Viber

Под мотото „Да не се заборави и никогаш да не се повтори“, градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, вечер на плоштадот во Стајковци ќе додели повеќе од 200 благодарници на институции, јавни претпријатија, фирми, здруженија, на граѓани и волонтери кои доброволно помогнаа за време на поплавите, информира МИА.

Скопје денеска одбележува две години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Околу илјада граѓани беа евакуирани во текот на ноќта на 6 август. Граѓаните од целата држава координирани од Црвениот крст, Кризниот штаб и надлежните институции во наредните денови се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите. 8 август 2016 беше прогласен за Ден на жалост во Република Македонија.