НИКОЈ МИ НЕМА ВЛЕЗЕНО В КАЈЧЕ ТРИ ЧАСА: Охридските езерски превозници се жалат на слаба сезона

Добивај вести на Viber

Охридските езерски такси превозници се жалат на слаба заработка оваа сезона. Ниту еден од возачите на чамците или бродовите на охридскиот кеј, не прифати да ја сподели својата приказна за Женски магазин.

„Не, благодарам на понудата, не сум расположен“, ни одговорија повеќето.   

Прошетка од половина час од центарот на Охрид до црквата Свети Јован Канео и назад, чини од 500 до 600 денари за цел чамец кој е со капацитет од шест луѓе

Еден од постарите возачи, седејќи во своето кајче беше искрен: „Знаете ли зошто не ми се зборува за јавност? Еве веќе три часа седам овде и никој од туристите не се заинтересира за мојата тура. В кајче човек од утрово ми нема влезено“, ни рече тој.

Прошетка од половина час од центарот на Охрид до црквата Свети Јован Канео и назад, чини од 500 до 600 денари за цел чамец кој е со капацитет од шест луѓе. Семејствата коменираат дека им е скапо, а на помладите туристи им е исплатливо сумата да ја поделат на шест, ако се поголемо друштво. 

Истите пари, езерските таксисти ги бараат за превоз до плажите Горица или Парк. Кога Охрид е преполн и тешко се наоѓа паркинг на плажите, туристите се одлучуваат за оваа варијанта.

И годинава, популарни особено за гостите од странство се целодневните тури со голем брод до Свети Наум. Билетот по човек чини 600 денари или 10 евра. Тргнувањето е во 10, 11 или во 13 часот, а враќањето доцна попладне. Странците ја сакаат и ја користат и приватната тура, целодневно изнајмување на помал брод, кој ги вози низ целото охридско-струшко крајбрежје, а чини 120 евра. (М.Џ.)