НИВЕС ЦЕЛЗИУС: Зарем децата не виделе гради?

Добивај вести на Viber

Актерката и пејачка Нивес Целзиус одмара во Грција со својата сестра. Хрватската ѕвезда на својот инстаграм профил објави провокативна фотографија во бикини, од плажата Глифада. Нивес, која на домашната публика и е најпозната по улогата на Снеки во серијата "Чиста љубов",  е поранешна сопруга на фудбалерот Дино Дрпиќ и мајка на ќерката Таиша и на синот Леоне. 

На инстаграм профилот на Нивес, на кој има 257 илјади следбеници, таа секогаш во преден план го става своето деколте. Некои од следбениците остро ја критикуваат поради тоа, а некои ја поддржуваат. "Објавив слика од неформално место, а не од детска приредба. Па зарем децата никогаш не виделе гради?", им одговори Целзиус на оние кои ја обвинуваа. За себе, таа вели дека е посветена и грижлива мајка. На крајот на деведесетите, Нивес беше главна улога во спотот на групата „Нови дечки“, „Пепелашка од наше маало“.