Носот ѝ се распаѓаше од кокаин, а потоа се целосно исчезна: Славната заводничка од „Чувари на плажата“ денес непрепознатлива

Поранешната ѕвезда на „Baywatch“ е снимена за време на ретко појавување во јавноста. Јасмин Блит беше симбол на убавината во деведесеттите години откако се прослави со улогата на Керолин Холден во серијата „Чувари на плажата“ и со Памела Андерсон беше една од најголемите ѕвезди на таа серија. А, денес изгледа непрепознатливо.

Со својата убавина и совршено тело ги фрли мажите во транс, но работите прилично се променија, а Јасмин, која ретко ја гледаме во јавноста, денес на 54-годишна возраст изгледа многу поинаку од она што го паметиме од малите екрани.


Одеше во клиника за одвикнување од дрога

Големата слава, како што често се случува, и донесе и голема несреќа, па во 2000 година заврши на клиника за одвикнување од дрога. Таа отсекогаш била искрена за нејзината зависност и во 2003 година изјави дека „свесниот напор да се држи настрана од дрогата е дел од нејзиниот живот и секогаш ќе биде“.

Таа признава дека на почетокот земала кокаин лежерно и опуштено во друштво, но до крајот на 90-тите, повременото консумирање се претворило во вистинска зависност. Тоа си го зеде данокот на личниот и деловниот живот на актерката, но и на нејзиниот изглед.

- Добив инфекција, а таа ми ја изеде внатрешноста на носот, кој беше „суров“ и крвав. Докторот ми препиша антибиотици и рече дека ако продолжам да живеам со таа инфекција, таа ќе ми отиде во мозокот и ќе ме убие“, изјави еднаш Јасмин.

Foto:Profimedia


Љубовта на нејзиниот живот е сопственик на стриптиз клуб

Јасмин пронашла љубов и додека се рехабилитирала во 2000 година. Во клиниката го запознала сопственикот на стриптиз клуб Пауло Серито со кој неодамна прослави 20 години брак.

- Велат дека не треба да влегувате во никаква врска во првата година кога сте трезни - особено не со некој во програмата, но јас и Пол веднаш се заљубивме, изјавила таа тогаш.

Јасмин во минатото беше поврзувана со колегите Метју Пери од серијата „Пријатели“, ѕвездата на филмската франшиза „Полициска академија“, Стив Гутенберг и Дејвид Шарвеј, со кого се појави во „Baywatch“. 

Откако се бореше со зависноста, таа накратко се врати на актерството, но тоа не траеше долго, па реши засекогаш да го напушти Холивуд и во последните десет години живее затскриен живот, а папараците ретко успеваат да ја фатат.

Сепак, Јасмин деновиве е фотографирана на улиците на Лос Анџелес, во топ тренерки, фармерки и патики, а во неа е навистина тешко да се препознае поранешната убавица.


ФОТО: Инстаграм

(ФОТО) Беа секс-симболи во 90-тите: Еве како денес изгледаат фаталните чуварки на плажа