Новинарката Александра Спировска го облече невестинскиот фустан на нејзината мајка од 1976: Моделот дефинитивно би се носел и денес

Добивај вести на Viber

Новинарката Александра Спировска, која е дел од екипата на МРТВ е дама која внимава на својот изглед, обожава тетоважи и сака да ужива на планина. 

Таа е мајка на три деца Миа (24), Каја (16) и Вилен(6), која во последното нејзино интервју за Женски магазин зборуваше за нејзината љубовна врска со кошаркарот Милан Димитриески од КК Феникс.

Спировска редовно објавува дел од своето секојдневие на социјалните мрежи, а овој пат објави фотка на која таа го носи невестинскиот фустан на нејзината мајка од  пред 47 години, односно од далечната 1976 година.


Моделот е бохо стил, со интересна тантела на половината, широки ракави како карнери, тип на фустан кој дефинитивно би се носел и денес. Ретко која невеста би с еодлучила денес за ваков модел на венчаница, но сигурно би го носеле за на работа, на плажа или пак за на кафе дружба со пријателките.

Фото: Инстаграм - Александра Спировска/Архива - Женски магазин

Насмевката секаде ја носам со себе: Пред огледало со Александра Спировска