Владата на Тајланд ja објави првата фотографија од децата кои беа спасени откако поминаа 17 дена во пештерата Там Луанг.
На фотографијата се неколку момчиња со маски за лице и болничка облека, при што едно од нив позира со знакот за победа.
Децата и нивниот фудбалски тренер ослабеле, но се во добра здравствена состојба.
Тие од пештерата Там Луанг беа извлечени за три дена, добро се грижеле за себе, и сместени се во болница во градот Чијанг Рај.