ОД КАДЕ ТИ Е ДЕВОЈКАТА, ЗА ТОЈ НАВИВАШ: Белов за Србија на СП во фудбал

Добивај вести на Viber

Александар Белов и неговата девојка Јелена Станковиќ се огнени навивачи на репрезентацијата на Србија на Светкото првенство во фудбал. Поп-пејачот, пред неколку месеци од Скопје се пресели во Крагуевац, од каде што му е партнерката. 

„ Како велат, „од каде што ти е жената од таму си и ти“. Во мојот случај е, „од каде што ти е девојката, за тој навиваш“. Моја неостварена желба е еден да ја видам Македонија на СП, а сега со Јелена навиваме за Србија“, ни изјави Белов, кој неодамна се врати од одмор во Црна Гора. 

За Женски магазин, пејачот кој стана миленик на публиката по регионалното музичко шоу „Операција триумф“, ја раскажа својата љубовна приказна со економистката од Србија.

„ Чола би отпеал вака: ‘’Давно је то некад било’’ е така да, баш беше одамна. Приватно се знаеме многу подолго како пријатели, но некако тој вистинскиот чекор јас го направив во периодот кога бев учесник во првата сезона од шоуто „Танц со ѕвездите“. Тогаш таа ненадејно дојде да навива за мене на снимање. Таму се појавија тие први искри, неочекувано и спонтано се започна од тогаш , а неколку месеци подоцна ја започнавме нашата приказна која трае до ден денес. Она што најмногу го сакам кај неа е еден подолг список на работи, но само ќе кажам дека Јелена ми е најголемата подршка и мотив, најдобар другар и пријател кој сум можел само да си го посакувам. Едноставно џабе не рекле дека Вага и Водолија е најдобрата комбинација“, откри пејачот од Неготино и додаде дека единствен непријател во нивната врска била далечината. 

Александар и Јелена неодамна беа на одмор во Црна Гора 

„ Веќе извесен период имам два дома, едниот ми е во моето Неготино,а вториот ми е во Крагуевац. Но, како што тргнало, автопатот Е-75 ми е оној вистинскиот (се шегувам). Скопје морам да признаам дека ми недостига и еден куп драги луѓе кои се таму, но секогаш наоѓам време да дојдам и впрочем ништо не е далеку, денес за неколку часа можеш да стигнеш насекаде“, додаде Белов. Тој и Јелена се заедно веќе пет години. За бракот и свадбата, пејачот раскажа дека тоа е еден драг момент кој треба да се случи и ќе се случи, а ако открие повеќе, нема да биде изненадување. 

М.Џаровска