Од затвореничка до милијардерка: Лена го очекува своето 4-то дете со моќен човек кој ја спаси од сиромаштија

Убавата поранешна манекенка скоро секој ден објавува фотографии од трудничкото стомаче, а неодамна го откри и полот на своето четврто дете

Поранешната руска манекенка Лена Перминова на социјалните мрежи се пофали со најновите фотографии со труднички стомак.

Имено, убавата триесет и четири годишна Русинка го чека четвртото дете со сопругот Александар Лебедев (61) и скоро секој ден објавува фотографии со труднички стомак.

Таа откри дека овој пат очекуваат момче, а од бракот со богатиот Русин веќе ги има ќерката Арина и двата сина - Игор и Никита.

Таа неодамна објави топлес фотографија на која го истакна трудничкиот стомак и ги покри градите со рацете, па напиша интересен опис.

- Секогаш се прашувам колку е генијално женското тело. Ова е четврти пат да ми се случат овие возбудливи промени и ги сакам сè повеќе и повеќе секој пат! - заклучи убавицата.


Инаку, на 16-годишна возраст, Лена решила да го напушти домот на нејзините родители во Новосибирск и не претпоставувала дека ќе наиде на невидени проблеми, но и дека после тоа нејзиниот живот ќе се претвори во бајка што ја живее денес.

Откако го напуштила семејниот дом, Лена Перминова започнала да продава екстази во клубовите, затоа што се вљубила во многу постар човек поради кого го правела тоа.

Таа беше уапсена, и покрај тоа што се согласила да соработува со полицијата, не и било загарантирана никаква заштита. Таа беше осудена, заврши во затвор, а дилерот што го галванизираше и се закани со смрт.

- Во рускиот правен систем нема спогодба со информатори или заштита на сведоци, па затоа таа беше осудена на шест години затвор. Во тоа време работев на кампања за донесување закон за заштита на сведоци, а нејзиниот татко ми испрати писмо. Се запознав со него и со Елена, и започнавме да се забавуваме само неколку години подоцна - изјави сегашниот сопруг на Елена, поранешен агент на КГБ и руски милијардер, филантроп и медиумски магнат Александар Лебедев.

Сепак, нивната љубов не започнала веднаш откако тој ја спасил од затвор.


Лена ја започна својата модна кариера позирајќи за „Плејбој“, по што се искачи на врвот на светската мода. Во исто време, таа завршила економија во Москва, а потоа започнала врска со Александар. Парот е во брак 15 години, имаат три деца, а на пат е четврто дете.

Лена, која некогаш немала за чоколадо, денес ужива во богатството, бидејќи Лебедев е еден од најбогатите луѓе во Русија.


Фото: Instgaram/lenaperminova

Можеби ќе ве интересира:

Филмска судбина: Поради земјотресот останаа без дом - српска актерка и хрватски музичар живеат во контејнер