„Одредени делови престанаа да ми работат... Немаше резервни“: Бора Чорба за неговото нарушено здравје и за сопругата која ја запознал на 61 година
Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата „Рибља Чорба“, признава
дека неговата сопруга Дубравка, која е 28 години помлада од него, му е голема
потпора во животот и дека се труди да биде добро пред се за себе, но и за неа.
- Веројатно ќе умрев некаде попат да не дојдев во Словенија бидејќи премногу дивеев. И тоа има свои добри страни, но малку претерав. Ова го сфатив кога некои мои делови престанаа да работат и немаше резервни. Не реагирав веднаш, се опуштив. Човек најпрво мисли: „Ќе притискам додека можам“, воопшто не се грижев. Сега знам со кого сум и кој ме сака и дека има смисла да се трудам да траам што подолго, за да трае и љубовта - објасни Бора и на шега додаде:
- Бев момче кога се запознавме, имав 61 година. Жал ми е што не ја запознав порано. Заедно сме десет години. Таа е постојано со мене. Чувствувам враќање на енергијата и љубовта. Има група луѓе кои не следат на секој концерт, толку се верни... Има еден дечко кој неодамна помина 1.500 километри за да не слуша во Словенија. Организирани луѓе доаѓаат од Хрватска, од секаде. Тоа се луѓето кои го истетовираа знакот на нашиот бенд на своето тело, и ја слушаат секоја песна што ќе ја објавиме - рече тој во емисијата на Мира Адање Полак и додаде:
- Потешко ми е да се качам на сцена отколку да пеам. После сум празен и среќен на некој начин затоа што давам се од себе. Играш затоа што тоа го сакаш, а парите ќе дојдат. Ако не пеам, тогаш подобро да ме нема. Ништо не би имало смисла.
Фото:youtube