ОХРИЃАНИ И СКОПЈАНИ НЕ СЕ КАКО ТОМ И ЏЕРИ: Музичарот Владимир Четкар повикува на пријателство

Добивај вести на Viber

Охридскиот музичар Владимир Василевски-Четкар вели дека не се точни приказните дека охриѓани и скопјани не се сакаат. Според џез-гитаристот кој дел од годината живее во Охрид, а дел во Њујорк каде што често настапува, овој мит е детска работа.

Ниту еден зрел човек кој јас го познавам не мисли дека охриѓани и скопјани не се сакаат.- Четкар со братучед му, Филип Четкар во Охрид 

„ Секогаш ми е смешно, па дури и симпатично кога разговараме на оваа тема бидејќи станува збор за детска работа која за мене има навистина хумористичен карактер. Ниту еден зрел човек кој јас го познавам не мисли дека охриѓани и скопјани не се сакаат туку напротив, некои од најголемите пријателства кои сум ги видел, а ова важи и лично за мене се токму помеѓу охриѓани и скопјани. Во секој случај, треба да се сакаме и да се почитуваме сите ние од сите македонски градови и да уживаме во нашите колоритни и прекрасни дијалекти и обичаи“, ни изјави Четкар кој во моментов одмара и настапува во својот град. 

Тој не обрнува внимание на муабетите на скопјани дека охриѓани не се љубезни и обратно, дека скопјани некултурно се однесуваат во Охрид.

„ Не е точно дека сме како Том и Џери, тоа се само приказни, хахаха“, објасни Четкар. На 18 август, во сабота, тој ќе одржи концерт во Охрид, на терасата на хотелот “Филип“ , во Свети Стефан од 20 часот, наречен „Џез и вино“. Во меѓувреме, музичарот се релаксира возејќи го својот велосипед низ охридско-преспанскиот регион. 

М.Џаровска