Олгица и Андреј Жерновски: Како се запознале?

Добивај вести на Viber

Сопругата на поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, по професија е дипломиран електроинженер. Се запознале во партијата, во 1993 година, кога и Олгица била член на подмладокот на тогашната Демократска партија, каде што заедно работеле речиси десет години. Иако во политиката поминале повеќе години, сепак не биле во врска. Тоа бил период во кој потајно се запознавале. Подоцна, сосема спонтано станале двојка, а љубовта ја официјализирале со брак во 2001 година.