Она што го достигна Џил Бајден за само две недели, Меланија не можеше за 4 години: Љубомора кај првите дами на САД
Веднаш штом стана прва
дама на Америка, Џил постигна нешто што Меланија не успеа во
четири години владеење
Медиумското внимание што шеесет и девет годишната Џил Бајден го доби дури и пред да стане прва дама на Америка не помина незабележано од Меланија Трамп (50).
Иако сега и пречи интересот на медиумите за нејзината наследничка, сето тоа можеше да го добие и самата ако не одбиеше такви понуди за време на нејзиното владеење во Белата куќа.
Имено, Меланија ги одби сите интервјуа во медиумите. За четири години колку што траеше владеењето на Доналд Трамп, Меланија не се согласи на ниту едно интервју за медиумите со национална фреквенција.
„Доналд повеќе се нервираше што Меланија не ги красеше насловните страници на списанијата отколку што тоа неа ја погодуваше“, откри Стефани Винстон Волфоф, поранешна пријателка и претставник на Меланија Трамп.
Стефани работеше за убавата Словенка во првите месеци по доаѓањето на Доналд на власт, а потоа односите им се заладија. Стефани открила сè за нејзината поранешна пријателка во нејзината книга.
Во пресрет на заминувањето од Вашингтон, Меланија дозна дека всушност била најомразената прва дама на Америка, иако била најомилената членка на семејството на Трамп, a сè дополнително се влошило со нападот на Капитол, затоа што таа никогаш не го осудила насилството.
Не е во нејзина одбрана и тоа што не се појави на инаугурацијата на Џо Бајден, иако првично планирала да отиде.
Сепак, твитот на нејзиниот сопруг, во кој тој јасно стави до знаење дека тој нема да биде присутен, ја принуди Меланија да се откаже од сè.
Сепак, Меланија е, како што пишува Си-Ен-Ен, љубоморна на нејзината наследничка која веднаш се пресели во Белата куќа и го ангажираше нејзиниот персонал, сето тоа по само две недели од инаугурацијата.
За разлика од неа, Меланија ги помина првите пет месеци во Њујорк за нејзиниот син Барон да го заврши училиштето таму и никогаш немаше повеќе од 12 вработени.
Точно, во одреден момент имаше само седум вработени, а од друга страна Џил веќе има десетина вработени со полно работно време, а нивниот број се очекува да расте.
Иако Меланија, наводно, оставила писмена порака за добредојде на семејството Бајден, таа сепак не ја контактирала за да разговара со неа и со тоа прекршила друга традиција.
Досега Џил Бајден има одржано седум настани, но и говори во кои се зборуваше за семејството на американски војници, превенција од рак, здравство, образование ...
Фото: Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Џил Бајден ја покажа внатрешноста на Белата куќа: „Конечно нормална прва дама“Џил Бајден, раскошна убавица во младоста: Долга руса коса и совршени црти на лицето