Остана без семејство на 4 години: Потресната животна приказна на Михајло Јанкетиќ

Годинава во мај, почина познатиот српски актер Михајло Миша Јанкетиќ, во Белград на свои 80 години. Неговата животна приказна не е ми малку лесна и заслужува огромен аплауз за храброста.

Имено во текот на Втората светска војна му настрада цела фамилија, а неговата исповед за тие трагични времиња, Миша своевремено ја раскажа за „Новости“ уште во 1973-та година. 

Ова е дел од исповедта:

„Добро се сеќавам на тој ден во 1943-та година. Колоната на нашите излегуваше од Пљеваља. Колоната на партизаните. Одевме со неа. Ја испраќавме. А кога стигнавме до куќата во која престојувавме, на другата страна, влегуваше колоната на Германците. И денеска ги гледам на мотоциклите. Ги гледам нивните шлемови. И пушки. И чизми. Мојот татко, Радомир бепе командант на баталјон во партизаните.

Мајка ми ја фатија четниците, и во Колашин ја осудија на 21 година робје. Сестра ми Милена и мене не чуваше нашата стрина, па еден ден не фати за раце и не однесе во Колашин. Право пред прочуениот Павле Џуршиќ на кој му кажа - Еве ти ги војводо. Ова се двете дева на Радомир. Ти ги остави без мајка, па ти чувај ги.

Подоцна мајка ми ја пуштија од затвор и не однесоа во Пљевење. Работеше во пошта. Мојата мајка Милица работеше во поштата за четниците, а еден ден откако ја препозна еден нејзин другар од гимназија, тогаш четнички главар поп Маца, ја повикаа на сослушување. Тогаш мајка ми ми кажа - „Циле, мене ќе ме убијат. Милена ти ја оставам во аманет. Чувај ја и штити ја. Ти си машка глава. Не ја давај на никој, немој никој да ја повреди.“

Актерот раскажува дека тоа било последен пат кога ја видел својата мајка Милица. Поп Маца ја убил неговата мајка, заедно со други девет пратизански жени. Миша тогаш имал само 4 години.

Години после тоа, во Белград, во гимназија, неговата класна препознала дека е син на нејзината школска другарка Милица. Тогаш таа го прашала дали знае кој ја убил неговата мајка. По потврдниот одговор на Миша, таа му кажала дека синовите на убиецот живеат во Белград, а кога почнала да му ја кажува адресата, Миша вриснал и и кажал дека не сака да знае.