Ова е мажот кој со години ја малтретирл Јована, ќерката на легендарниот Балашевиќ: Александар е познат политичар, имаат две малолетни деца
Ќерката на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ, Јована Балашевиќ деновиве е во центарот на вниманието поради скандалот за семејно насилство кое го криела со години. Јоана го пријавила нејзиниот невенчан сопруг Александар Јовановиќ со кој има две деца.
Актерката признала дека со години трпела психичко насилство од сопругот, а ситуацијата кулминирала во последните неколку денови, кога, како што се пишуваше во медиумите, сопругот ја заклучил во нивниот стан, откако му кажала дека не сака повеќе да живеат заедно и дека дошла да си ги земе работите и да се отсели.
Инаку, Александар Јовановиќ е успешен политичар кој живее и работи во Нови Сад. Од вонбрачната заедница имаат две деца Симон (9) и Петра (3). Роден е во 1976 година во Нови Сад, а еден период од животот живеел во Кувајт со семејството. По враќањето во Србија се запишал на Филозофскиот факултет во родниот град. Во 2008 година е назначен за претседател на собранието на градот во Нови Сад, а денес работи во Институтот за трансфузија на крв во Војводина.
Она што е малку познато е тоа дека во слободно време работи како ди-џеј под името DJ Skadam.
Фото: JovanaLolaBalasevic/Instagram