„Ова е многу кул. Таа е легенда“: Финската премиерка во досега невидено издание - во тексас шорц и во рок стил апсолутно ја изненади јавноста

Премиерката на Финска воодушеви со новото модно издание на фестивалот „Ruisrock“ во Финска, кој заврши вчера. Стајлингот на Сана Марин предизвика бројни позитивни коментари.

Политичарката Сана Марин на оваа фотографија се гледа во вистински рокерски стил, а секое парче облека на неа е фантастично - од чевли, до кожна јакна, до шик тексас шорцеви.


Над 40.000 луѓе ја лајкнаа фотографијата на финската премиерка, а меѓу коментарите го издвојуваме следново: „Прекул“, „Легенда“, „Таа е икона, таа е легенда, таа е „тој момент“.

Сана Марин и претходно ги кршеше табуата кога е во прашање стилот на облекување на политичарките. Сетете се на насловната на која позираше во сако без градник. Таа сака да направи разлика помеѓу стилот во јавниот и стилот во приватниот живот - и разликите секако се разбрани, но нејзината цел е и целосно да го смени размислувањето за тоа како се облекуваат жените на политичката сцена.

Поради сето тоа, приказните за нејзините модни изданија секогаш имаат пошироко значење. Дали ви се допаѓа стајлингот на Сара Марин од музичкиот настан?


Фото: Инстаграм

Фото наслов: Youtube - screenshoot

Најмладата премиерка пораснала во лезбејски брак