Најмладата премиерка пораснала во лезбејски брак

Добивај вести на Viber

Финската премиерка Сана Марин која крена прашина поради возраста на која стапува на оваа функција- 34 години, пораснала во лезбејски брак.  Таа живеела  со мајка ѝ и нејзината партнерка во изнајмен стан.

Во едно интервју Марин за себе вели дека како дете се чувствувала невидлива, бидејќи не можела отворено да зборува за своето семејство пред  другите луѓе.

Не пропушта да подвлече и дека мајка и` отсекогаш ѝ била најголема поддршка:

-Ме воспита учејќи ме да верувам дека можам да направам се` што ќе посакам.

Марин не крие дека не потекнува од семејство интелектуалци и дека, всушност, е прв член од семејството кој воопшто се запишал на факултет.

Како свои интереси освен политиката ги наведува: поминувањето на добар дел од времето во природа и физичките активности.  Во својот мандат, како што вели, ќе се заложува за еднаквост, слобода, глобална солидарност, еколошка одржливост и заштита на околината.