Ова е новото момче на Тања Савиќ: 11 години е помлад од неа, а еве што е по професија (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Пејачката Тања Савиќ призна дека е повторно среќно заљубена, а првите фотографии со новото момче ги сподели на својот Инстаграм. 

Тање ја потврди врската со 11 години помладиот пилот Мухамед Муки Бешиќ, кој сега објави на Инстаграм и сподели заеднички фотки. Згодниот пилот објави фотографија со Тања на која позираат прегрнати и напиша:

„Вакви моменти“, напиша тој и додаде љубовен емотикон. 

Инаку, момчето на Тања има 27 години, дознаваат медиумите, што значи дека Тања е дури 11 години постара од него. Муки страсно сака да патува, па судејќи според неговите профили на социјалните мрежи, го пропатувал половина свет.


Фото: Инстаграм - Тања Савиќ/Youtube - screenshoot

„Жал ми е за таа жена“: Тања Савиќ проговори за свадбата на бившиот сопруг - „Децата не ме прашуваат за него“