Петар во прегратка на својот идол Лука Модриќ: Најемотивната средба на вчерашниот спектакл

Добивај вести на Viber

По вчерашниот спектакуларен дочек на хрватските фудбалери на загрепскиот плоштад Бан Јелачиќ, дефинитивно еден од најемотивните моменти на вечерта беше долгоочекуваната средба на 14-годишниот Петар Брчковиќ со својот идол, капитенот Лука Модриќ.

На русото момче со Даунов синдром од Велика Горица му се исполни животниот сон.  

- На нашиот син Модриќ му е сѐ на светот. Во нашето семејство секоја вечер имаме своја молитва после која Петар задолжително ја бакнува сликата со нашиот капитен со зборовите: „Лука, се гледаме!“. Тоа ни е ритуал буквално секоја ноќ. Не ни сонувавме дека токму на една ваква историска вечер Петар ќе стои со Модриќ на сцена - раскажа Јасна Бркчковиќ, мајката на Петар.