По многу искушенија, те донесов на овој свет: Алачки искрено за синот

Адријана Алачки со емотивна посвета за синот ги разнежни нејзините фанови кои редовно ја следат на социјалните мрежи. Познатата водителка, пејачка и претседател на кулинарското друштво „Гастромак“ откри интересни моменти за Благоја токму на неговиот роденден. Нејзиното обраќање ви го пренесуваме во целост.

Синко мој, токму на овој ден ми се исполни животната желба.Те донесов на овој светпо многу искушенија, здрав и жив. Го слушнав твојот плач, како добредојде на овој свет. Ти го дадов јас името на твојот дедо Благоја, кој неизмерно те сакашеи таа желба ми се оствари. Се радував на секоја твоја насмевка. Од ден во ден како растеше, како проодуваше, прозборуваше, ти раскажував приказни.Ми заспиваше во преграткапеејќи ти песни. Од година во година, како растеше, секој чекор ти го следев.Секоја твоја променаја знаев и без да ми ја кажеш. 

Те израснав во сокол, сега си веќе вистински маж.Сега си свој, сега сѐ е сменето. Гази го ти животот, а не тој тебе. Почитувај ги своите квалитети и корегирај ги маните. Учи се на животзатоа што нималку синко мој не е едноставен.Секој ден предизвици, секој ден е жив оган. Ако не внимаваш ќе изгориш.Потсети се на сѐ што те учев со години.

Синко никогаш немој да го изгубиш во себе она што те краси.Човечност и добрата душа.Имај секогаш почитување за секого.Така и душата ќе ти биде мирна. Уживај во секој ден во животототи допрва ќе осетиш што е борба.Само храбрите победуваат.Оди само напред, никогаш не се врти назад.Назад се животните лекции кои само ти ги знаеш.Сега си во најубавото време, биди свој и горд на тоа што си!

А јас како мајка ќе се гордеам со сето она што ти ќе го создаваш и со тоа што си ти. Биди и понатаму моја радост, моја љубов..

И дозволими да стареам природно..

Нека овој роденден ти донесе најубави мигови на среќа и здравје...

Среќен роденден сине!