По неа воздивнуваше цела екс Југославија: Доживеа пад - апсење на синот и јавен шамар од љубовникот

Сè беше убаво и слатко, а потоа се тргна наопаку

Сузана Перовиќ беше една од најпосакуваните и најпопуларните пејачки во осумдесетите и деведесеттите години на минатиот век на овие простори. Снимила два албума со групата „Аска“, а потоа во 1986 година започнала самостојна пејачка кариера.

Имаше низа хитови, се појави во филмот „Тесна кожа 2“, по неа тивко страдаа многу мажи, а потоа сè се промени за миг.

Кариерата на Сузана доживеа пад во средината на деведесеттите кога реши да се повлече од јавната сцена и да се посвети на семејството. Сузана се омажи за естрадниот менаџер Владимир Влада Перовиќ, со кој има две деца, синот Никола и ќерката Дијана.

Сузана повторно се најде во центарот на медиумското внимание во 2013 година кога влезе во реалното шоу „Фарма 5“. Додека таа учествуваше во реалното шоу, нејзиниот син Никола беше во затвор, за што на големо се пишуваше во регионалните медиуми. Во 2013 година тој беше осуден со уште шест момци за ограбена пумпа, но и за нарушување на јавниот ред и мир. По излегувањето од затвор по него се трага, бидејќи подолго време бил недостапен за надлежните органи, а претходно извршил тешко кривично дело.

Несреќите на пејачката не завршија тука. Во 2018 година влезе во реалното шоу „Задруга 2“ каде започна романса со Мики Ѓуричиќ.

„Сузана отсекогаш била добра самовила и добар човек... Мики е екстра фаца и врвен готвач, а актерите се бакнуваат во филмот, па не е ништо сериозно. Реалноста ја доживувам како филм. Сузи ми е супер“, изјави за „Пинк.рс“ сопругот на Сузана Влада на сметка на оваа врска пред две години.

Покрај тоа што јавно го изневеруваше сопругот, таа доживеа и да биде жртва на физичко насилство во реално шоу. Ѓуричиќ при расправија и удрил шлаканица на Сузана, а со патерици ја претепал пејачката Надежда Биљиќ, поради што е осуден на осум месеци домашен притвор.

Низата неволји и тогаш не престана за Перовиќ. Во февруари годинава се појави веста дека нејзиниот син Никола Перовиќ бил застрелан во Сачекуша. Сепак, медиумите подоцна пишуваа дека Никола наводно си пукал во бутот по жестока семејна расправија.


Foto: Printscreen/Youtube

(ФОТО) По него лудуваа сите жени: Заводникот од „Династија“ денеска изгледа вака