По влезот во „Куќата на славните“, Индира Кастартовиќ доби изненадување од Вардарки: „Моите девојки“

Добивај вести на Viber

Поранешната репрезентативка и легенда, Индира Кастратовиќ доби свое место во ЕХФ „Куќата на славните“. Таа е втор македонски член во куќата на славните, откако веќе членство има најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров.

Кастратовиќ ќе стане член на ова елитно друштво од најдобрите на свечената церемонија која ќе се одржи на 14-ти декември во Виена, а воедно тоа ќе биде и најава за големото финале на Европското првенство.

Ракометарките од ракометниот клуб „Вардар“ каде што таа е тренер и подготвија изненадување на Кастратовиќ по повод убавите вести.

„Изненадување за нашата Индира од девојките по влезот во ЕХФ „Куќата на славните““, напишаа од Вардар.

На ова Индира одговори со „Моите девојки“ и објави неколку фотографии од изненадувањето.

View this post on Instagram

A post shared by Indira Kastratovic (@indirakastratovic)

Индира се најде на списокот од 21 ракометари и ракометарки кои ќе добијат место во „Куќата на славните“. Прославената ракометарка освои 12 титули во македонското првенство со Кометал Ѓорче Петров. Кастратовиќ играше и во три финалиња во Лигата на шампионите, а успеа и да излезе како победник во она историското во 2002-ра година кога Кометал стана европски шампион.

Фото: Инстаграм
РЖМ