По загубите на најдрагите личности во животот, Игор Џамбазов има само една желба: Откако останав ерген и сирак, посакувам само да останам нормален
И токму кога
јавноста помисли дека животот на легендарниот актер, шоумен, пејач,
текстописец... Игор Џамбазов конечно тече во вистинска насока, се ослободи од
пороците и бурниот живот, ја пронајде љубовта и почна да гради викендица надвор
од скопскиот метеж, работите повторно тргнаа низбрдо.
Минатата година го загуби својот татко, великанот на современата македонска музика, диригент и композитор Александар Џамбазов кој почина на 86 години. Во тоа време Игор пишуваше и споделуваше доста интересни работи од животот на својот татко а често знаеше да се присети и на некоја негова анегдота или необична случка.
Потоа загуби еден од најдобрите пријатели познатиот пејач, шоумен и угостител Сашо Пижевски -Пиже, кој знамина ненадејно. Тоа беше уште еден животен удар за актерот.
Во тој период утеха најде во прегратките на својата Илина, која му беше голема поддршка и му помогна полесно го надмина тешкиот период. И кога помина малку време, доволно барем малку да спласне тагата, во јавноста одекна веста дека тие не се повеќе заедно.
Тој и купи куфер, таа го наполни, се качи на авион и одлета од неговите прегратки за секогаш. На љубовта и дојде крај, но она што малкумина го очекуваа е дека Игор раскинувањето на врската ќе го поднесе лесно и ќе се „врати“ поактивен од било кога, како во музиката така и со актерството и новите проекти.
До душа само тој си знае како се чувствувал, иако во една прилика изјави дека се подготвувал да ја изгуби Илина речиси од првиот ден на нивната врска, бидејќи таа му соопштила дека сака да замине во друга држава за да го оствари својот сон, а Короната само им го продолжила времето поминато заедно.
Сепак, иако животот многу пати бил немилосрден кон него, Џамбазов како и секогаш, најде начин како да ја насмее јавноста на „своја сметка“.