Почина писателката Лусинда Рајли: Мајка на четири деца, до последен момент пишуваше и криеше за болеста

Почина број еден бестселинг авторката Лусинда Рејли чии дела се преведени и на македонски јазик и читателите истите ги обожаваат.

Лусинда почина вчера по четиригодишна борба со ракот, а болеста ја криеше во тајност. Веста за смртта ја соопшти нејзиното семејство на Твитер:

„До пријателите на Лусинда и читателите низ светот...
Жал ни е што мораме да ви соопштиме дека Лусинда почина мирно утрово, опкружена со своето семејство кое беше толку важно за неа. Сфаќаме дека ова ќе биде ужасен шок за повеќето луѓе кои не беа свесни дека Лусинда веќе четири години се бореше со ракот.
За време на тие четири години, Лусинда напиша 5 романи, а оваа седмица „Загубената сестра“ е број 1 роман во целиот свет.
Лусинда ги трогна животите на сите што ги запозна и оние кои ги вртеа страниците на нејзините приказни. Таа зрачеше со љубов и љубезност во сè што правеше и ќе продолжи да нè инспирира сите засекогаш.
Најмногу од сè, Лусинда го сакаше животот и го живееше секој момент во целост.
Или како што секогаш велеше:
„Преку болката и радоста на патувањето, ја научив најважната лекција што може да ја понуди животот, и мило ми е поради тоа. Моментот е сè што имаме.““

Екипата на Женски магазин ја имаше честа да направи ексклузивно интервју со писателката во ноември минатата година, во кое Лусинда откри многу непознагти детали за неа.

Интервјуто можете да го прочитате ОВДЕ.

Инаку делата на Рејли преведени се на 30 јазици, а продадени се над 15 милиони примероци. Од нив најпознати се „Куќата на орхидеите“ која ја напиша на 24 години и стекна меѓународна популарност, „Полноќна роза“, „Ангелско дрво“ и „Девојчето на гребенот. Лусинда беше мајка на четири деца.