Поддршка во сенка: Кој е сопругот на хрватската претседателка Колинда?

Добивај вести на Viber

Еуфоричната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ се уште е хит во светските медиуми по финалето на СП во Русија. За нејзините прегратки, бакнежи и среќа до небото поради огромниот успех на „ватрените“ се уште се зборува. Како единствена жена меѓу толку мажи, сите се запрашаа која е посилната половина на Колинда? Кој е всушност толерантниот сопруг на Колинда? 


Станува збор за Јаков Китаровиќ, со кој е во брак уште од 1996-тата година. Јаков беше многу смирен за разлика од неговата сопруга, и го чуваше грбот од назад на стадионот во Лужники во Москва, каде што се одржа финалниот натпревар, и ѝ даде неколку прегратки, од оние најмилите.

Китаровиќ е во брак со првата женска хрватска претседателка од 1996-та година. Тие се запознале додека студирале во Загреб, таа на Филизофски, а тој на Факултетот за електроника и компјутери (исто така, завршил студии на Факултетот за поморски студии на Универзитетот во Риека). Тие имаа слична образовна патека, со оглед на тоа дека четвртата година од гимназија ја завршија во Америка. Јаков по бракот го продолжил своето образование, а во 1998-ма година станал магистер. Во неговата биографија, со големи букви, беше напишано дека е син на Иво Китаровиќ, познат професор на Факултетот за поморски студии, каде подоцна предаваше и Јаков.

Тој беше голем поддржувач на Колинда за време на нејзината политичка кариера. Тој беше со неа, кога таа ја вршеше работата на министер за европска интеграција ( во оваа фаза од нејзината кариера е и нејзината одлука да го дои бебето на работа, кога често прекинува состаноци) и додека беше на позиција амбасадор на Република Хрватска во САД и помошничка на генералниот секретар на НАТО Андерс Фога Расмусен.

Никогаш не му било тешко да се справи со моќна и амбициозна жена, што е реткост кај мажите.

За Китаровиќ, кој со 46 години како најмлад во историјата, ја презеде улогата на партнер на шеф на државата, се вели дека не сака премногу да се експонира јавно.

Иако не му се допаѓа, никогаш не и ја скрати јавната поддршка на неговата сопруга. Тој ја следеше на инаугурацијата во Загреб во 2015-та година, исто како и на Мундијалот. 

Судејќи според историјата на неговиот однос со Колинда, не е потребно да се прашува дали му пречат нејзините „блиски средби“ со францускиот  претседател Емануел Макрон, хрватскиот селектор Златко Далиќ или најдобриот играч на првенството Лука Модриќ.

Јаков добро ја познава жената и ѝ верува. Позицијата на неговата сопруга постојано му носи нови предизвици.

Двојката Китаровиќ го има синот Лука и ќерката Катарина, која се занимава со уметничко лизгање.