ПОЛАРНИОТ ВРТЛОГ ОД СЕВЕР ЌЕ ГИ СИМНЕ ТЕМПЕРАТУРИТЕ НА БАЛКАНОТ ПОД -20: „Ќе има многу снег“, најавува Попоски
Метеопрогнозерот Славчо Попоски вели дека најновите анализи што ги направиле, и тоа со помош на најпрецизните нумерички модели во светот укажуваат дека на Балканскиот Полуостров му претсои многу активна зима, и тоа гледано по врнежите и по циклоните.
-Тоа значи дека претстојната зима кај нас ќе биде исполнета со врнежи од дожд и снег, а ќе има и чести снежни бајки, како на повисоките места и на планините, така и на пониските места (градовите). Дури можна е појава и на снежно невреме и натпросечни снежни врнежи во регионот, но и кај нас во Македонија. Овие врнежи особено се очекуваат во месеците јануари, февруари и март.
Што се однесува до температурите, тие би можеле да бидат малку над просекот, но секако дека очекуваме и чести продори на поларниот вртлог од север кој би условил екстремно ниски температури на воздухот (до околу, па дури и под -20 степени). Се на се, оние кои се лубители на снегот, оваа зима и тоа како ќе си дојдат на своето, наведува тој во најновата прогноза.
Повеќе на ФАКТОР.МК