Полн моден погодок: Капутот на Тејлор Свифт ќе го посака секоја дама оваа зима (ФОТО)
По распродадената турнеја, соборувањето на сопствените рекорди со своите албуми и откако беше прогласена за личност на годината од магазинот „Тајм“, папараците го следат секое движење на кантавторката Тејлор Свифт.
Таков беше случајот и за време на викендот, кога поп-ѕвездата излезе од својот стан во Лос Анџелес облечена во капут од кој изгледаше како милион долари.
Црното, плишано палто одлично ѝ стои, а обожавателите на социјалните мрежи „умираат“ да купат исто такво.
Нејзиниот моден израз е сведен, класичен, но изгледа ужасно „моќно“ и „богато“, поради што некои жени велат дека ова палто е сон на секоја од нив.
Заедно со капутот, Тејлор Свифт носеше и отворени потпетици, мала чанта, а во еден момент за фотографирање го спушти палтото и ги покажа голите рамена.
ФОТО: Инстаграм