Помеѓу жртвите во пожарот во Кочани е Ѓорги Геогиев - тапанар во групата ДНК

Еден помеѓу загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е тапанарот од бендот ДНК, струмичанецот Ѓорги Горгиев.
Ѓорги Горгиев или уште познат во Струмица како „Џоко Тапанаро“ е 23 годишен перкусионист и тапанар од Струмица.
Информацијата дека тој е еден од трагично загинатите 59 луѓе во несреќата, ја потврди и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
„Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука…
Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции.
Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа и сакаа. Нека почива во мир, а неговата музика и споменот за него вечно да живеат во нашите срца“.
Информацијата ја потврди братот на Ѓорги, Димитар со објава на Инстаграм.
За останатите членови на бендот се уште се бараат информации. Познато е дека двајцата членови од дуото Панчо и Андреј се хоспитализирани.
Панчо имал изгоиреници на лицето и рацете и е на кислородна поддршка, додека Андреј е во штипкста болница во подобра здравствена состојба.
На социјалните мрежи се уште се бараат информации и за Мартин Буцо Битбокс кој исто така настапува со дуото ДНК и кој кобната вечер бил дел од концерот на групата.