Актерите Џејми Фокс и Кејти Холмс ја прекинаа петгодишната љубовна врска и ја откажаа свадбата.
Парот беа во врска од 2013 година, но јавноста дури лани дозна за нив, кога папараците ги „уловија“ на прошетка во Мелбурн. Според тврдењата на странските медиуми, причината за крајот на врската е неверството на Фокс.
Ивор близок на парот тврди дека несогласувањата започнале пред неколку месеци кога иако јавноста дознала за нивната врска, актерот инсистирал тие да се гледаат тајно.
Неофицијално, причината поради која толку долго нивната врска била тајна е што по разводот од Том Круз во 2012 година, наводно Холмс била условена од него пет години да не се појавува со друг маж во јавноста.