Пред 19 години беше жртва на страшно цунами, вереникот ѝ починал пред очи: Познатата убавица со часови гола чекала некој да ја спаси

Ниту овогодинешниот фестивал во Кан нема да помине без манекенката Петра Немцова, една од најпознатите природни убавици во светот. Петра е име кое асоцира врвен стил, но и потсетување на исклучително тешката борба која ја водеше пред 19 години.

Немцова, е една од многуте познати гости на Канскиот фестивал, е родена пред 44 години во Чешка. Таа беше мис на оваа земја, а првите чекори во манекенството ги направи во светската престолнина на модата, Милано.

Таа се заљубила во фотографот Сајмон Аитили, со кој и соработувала. Нивното патување во Тајланд во Као Лак, каде што отидоа на 26 декември 2004 година, се претвори во хорор.

Се започнало како од бајка, ја запросил и почнале да ја планираат свадбата. Но во еден миг, целиот живот на манекенката доби сосема поинаков смер. Тајланд го погоди разорно цунами, кое предизвика земјотрес во Индискиот Океан. Цунамито погоди 14 земји, загинаа 230.000 луѓе.

Ударот на цунамито ја исфрлил неа и нејзиниот вереник од хотелот. Таа се здобила со повреда на карлицата и внатрешните органи. Нашла сила да се качи на палма, каде што чекала осум часа без облека, некој да ја спаси.

-Се вративме во хотелската соба во бунгаловот по долгата прошетка на плажата. Се беше прекрасно, само забележавме дека водата многу се повлекла од плажата и тоа не изненади, изјавила Петра.

Таа се сеќава како водата ги скршила сите прозорци во собата и ги исфрлила неа и Симон. Последно што слушнала од него било како тој ја довикува.

-Во еден момент прифатив дека ќе умрам, се предадов и почувствував необичен мир, додаде таа и истакна дека победил инстинктот за преживување. Кога нивото на водата паднало, таа успеала да се качи на дрво.

-Најлошото нешто за мене беше да гледам беспомошни деца, да ги слушам како врескаат, а јас не можев да сторам ништо, вели Петра, која ја спасиле мештаните. Лекарите процениле дека нема да може да оди поради тешките повреди, но таа успеала да ги надмине прогнозите.

Верувала дека нејзиниот вереник преживеал. Таа не сакаше да го напушти Тајланд додека не слушнала вести за него. Тој беше пронајден мртов три месеци подоцна.

Рекла дека ја изгубила личноста која најмногу ја сакала. И дека се чувствува како да живее за двајцата. Таа ја основа и организацијата Happy Hearts Fund, која помага на различни места по природните катастрофи.

Во 2019 година, Петра Немцова се омажи за Бенјамин Ларече, со кој има син.



Фото:PetraNemcova/Instagram