Пред силиконите и операциите жените го правеле ова за градите да им бидат поголеми: Толку е апсурдно и смешно, но изгледа вршело работа

Што требало да направи една жена ако сакала да го зголеми своето деколте во деновите пред да се појави градникот „Vonderbra“, односно push-up градникот, а подрастичните мерки како пластична хирургија не беа толку лесно достапни?

Одговорот е носење градник на надувување кој жената всушност може да го надува до големината што ја сака.

Секоја корпа содржела мала пластична кеса која што оној што ја носи може да ја надува со помош на цевче.



Неговите произведувачи ветија дека градникот може да ѝ даде на секоја жена „поттик на убавината на нејзините гради“, а во рекламата се порачувало: „Направи го тоа сама. Постигни го својот максимум. Надувај ги! Направете ги во големината што ја сакате“, пишува DailyMail.



Очигледно е дека желбата за поголеми гради постоела и пред 70-тите години, иако не можеме да тврдиме дали жените самите дошле до оваа идеја или истата потекнува од мажите, можеме да потврдиме дека притисокот врз нив да бидат совршени и да имаат големи облини бил подеднакво изразен како што е денес.



Не е ни чудо што феминистките ја палеле токму оваа облека.


Фото: Инстаграм