Прекрасен амбиент со стил: Празнична еуфорија во домот на Вера Јанковиќ (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Познатата водителка и ди-џејка Вера Јанковиќ ја внесе празничната еуфорија во својот дом. Имено таа на својот профил на Инстаграм сподели неколку фотографии од новогодишната атмосфера во нејзниот дом.


- Ноќта е мојот ден. Секој би посакал такво друштво на луѓе кои уживаат со сите сетила низ призмата на моите ретро сетови со кои патуваме низ времето и низ просторот. Музичка машина која крева прашина. Остатокот е секогаш резервиран за мои блиски луѓе со кои си ја делам трпезата и муабетите. Книга, филм и останати заддоволства ми пружа топлото домче, моментот кога доаѓаш исполнет, реализиран и благопријатно потрошен од ноќта-утрото кое ја истурило најубавата музика од ова парче земја. Моето сѐ е петолинието-тоа ми е и книга и филм, незавршена приказна, магија, живот- откри таа своевремено за Женски Магазин.

Инаку Вера за нашиот магазин раскажа и за покојниот сопруг Зоран Јанковиќ- Бајо, со кого љубовна приказна ја започнаа како дел од рок групата „Психо“ каде што таа беше вокал, а тој басист. Подоцна, ја создадоа култната градска приказна на клубот „Зи-Зи топ“ во Скопје, чии сопственици беа 13 години.