Пресладок роденденски портрет: Принцот Џорџ наполни 5, а за 3 години сé ќе биде поинаку
Најстарото дете на војводата и војвотката од Кембриџ беше фотографирано во градината на Кларенс Хаус.
Фотографијата на која принцот Џорџ преслатко се смее, беше направена по крштевањето на неговиот брат, принцот Луј.
Фотографот Мет Портеус, исто така, направи приватни слики за Вилијам и Кејт при крштевањето на двомесечниот Луј претходно овој месец.
Принцот Џорџ мора да следи одредени кралски правила. Само што наполни 5 години и за 3 години, се очекува да се облекува поинаку. Еве ги различните протоколи за кои петгодишниот иден крал ќе мора да се придржува кога ќе порасне, според Кејтлин Доерти од Дејли Експрес.
1. Тој треба да носи панталони кога ќе биде постар од 8 години
Кралските момчиња може да носат шорцеви додека немаат 8 години. Ова е причината, поради која принцот Џорџ беше забележан во долги панталони само еднаш.
Во обредот на премин кој датира од 16-тиот век, младите момчиња облекуваат долги панталони на возраст од 8 години за да означат дека растат. Принцот Џорџ беше забележан во панталони само на кралската свадба.
2. Не треба да прифаќа подароци од странци
Кога се слават големи настани, вклучувајќи родендени и свадби, јавноста има тенденција да реагира топло со испраќање на подароци. Сепак, тие се обесхрабрени да прифаќаат подароци од луѓе што не ги знаат.
Според официјалните кралски упатства, „подароците што ги нудат приватни лица кои живеат во Велика Британија, а кои лично не се познати на членот на кралското семејство, треба да се одбиваат таму каде што има загриженост за соодветноста на мотивите на донаторот или самиот подарок".
3. Треба да летува одделно од неговите родители кога ќе има 12 години
Принцот Вилијам и Мидлтон нема да патуваат во странство со принцот Џорџ. Според кралскиот протокол, двајца директни наследници не смее да се качат во истиот авион во исто време. Ова има за цел да спречи губење на наследници во случај на несреќа.
Џорџ Александер Луис од Кембриџ е роден во приватното крило Линдо во болницата Св. Марија во Падингтон, во 4.24 часот на 22-ри јули 2013-та година.