Принова место развод: Амал бремена, Џорџ Клуни пресреќен
Една од најубавите холивудски двојки, Џорџ и Амал Клуни, повторно се во фокусот на јавноста.
Иако веќе некое време таблоидите пишуваат дека поминуваат низ проблематичен период во бракот, приказната е свртена во друга насока. Две години откако Амал ги роди близнаците, се зборува дека таа е повторно бремена, пишува „Латин тајмс“.
Фото: РојтерсНа фотографијата од пред неколку дена, наводно се забележува дека Амал е бремена. Непознат извор изјавил дека Клуни е пресреќен поради таа вест, а убавата новост уште повеќе ги зближила со Амал.
„Тие беа на брачно советувалиште, што многу им помогна. Тој сега поретко патува, а изгледа дека во нивниот брак повторно има искри. Сега веќе не се караат како порано“, рекол изворот.
Фото: Профимедиа
Други пак велат дека се работи за измислица, а нивниот брак уште добро функционира. Џорџ и Амал се родители на близнаците Ела и Александра кои имаат две години.