Пристигна сезоната на јагоди: Причини зошто е добро да ги јадете што почесто
Конечно започна сезоната на јагоди, вкусно и омилено овошје на многумина кои освен со вкусот не освојуваат и со своите здравствени придобивки
Според „WebMD“, има многу придобивки од редовното консумирање на јагоди. Имено, витамините, минералите и антиоксидансите во јагодите можат да обезбедат важни здравствени придобивки.
На пример, јагодите се богати со витамин Ц, влакна и полифеноли, антиоксидантни соединенија кои можат да помогнат да се спречи развојот на одредени болести. Покрај тоа, јагодите може да обезбедат и други здравствени придобивки како што се:
- зачувување на здравјето на срцето и циркулаторниот систем
- зајакнување на имунитетот
- намалување на ризикот од рак и деменција
- намалување на нивото на холестерол во крвта
- спречување на воспаление во телото
- одржување на здравјето на цревата
Извор: 6yka.com