Промена на лични карти и пасоши без закажување ќе може и во сабота

Добивај вести на Viber

Пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет” и шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и во сабота на 16 декември, соопшти МВР.

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет” во Скопје ќе работи и на 16.12.2023 (сабота) од 08 до 16 часот“ информира министерството.

Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување. Исто така, во сабота ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ (од 08 до 20 часот) и Беко (од 08 до 16 часот), но за редовни постапки.
Извор: faktor.mk