Прва фотка од Петар Грашо со ќерката: Малата Алба во прегратките на нејзиниот татко, Хана со задоволство ги гледа (ФОТО)
Фото: В.Тануровски / instagram
Пејачот Петар Грашо на почетокот на оваа година ѝ го кажа судбоносното „да“ на 15 години помладата Хана Хуљиќ, а двајцата пред четири месеци станаа родители на малото девојче Алба.
Како што и самиот истакна во едно интервју, поради деловни обврски, Петар не успеал да ѝ се посвети на својата ќерка колку што сакал, но сега на социјалните мрежи се појави првата фотографија од гордиот татко со наследничката.
Грашо цврсто го држи девојчето во раце, додека на неговото лице има голема насмевка, а новопечената мајка задоволно ја гледаше оваа сцена.
– Ѝ потпевнувам на Алба додека ја заспивам, засега ѝ се допаѓа мојот глас. Се надевам дека така ќе биде кога ќе порасне - изјави пејачот во една прилика.
- Со оглед на тоа што нон-стоп сум на пат, немав премногу можности да се покажам. Но, верувам дека сум грижлив и посветен татко. Се надевам дека ќе напредувам и по тоа прашање- изјави тој, пренесува „Свет“.
извор:blic„Полошо не можев да поминам“: Петар Грашо после долго време проговори за Данијела Мартиновиќ и бројните медиумски натписи
Се криеше повеќе од 2 месеци: Прво јавно појавување на Хана Хуљиќ по породувањето е главна тема во Хрватска (ФОТО)