Животна училница // Приказни
Првата дама на САД заработи мало богатство од продажба на свои фотографии
- 03 Јули, 2018
Откако нејзиниот сопруг Доналд Трамп ја презеде функцијата претседател на САД, Меланија Трамп заработи вистинско мало богатство.
Во договор со агенцијата „Гети имиџ“, водечките светски агенции индиректно му плаќаат на семејството Трамп.
Според финансискиот извештај за 2017 година, Меланија Трамп заработила 100. 000 долари за користење на некои од 187-те фотографии направени во периодот од 2010 до 2016 година.
Не е новитет дека холивудските ѕвезди заработуваат на овој начин, но е вистинско изненадување дека се работи за првата дама на САД.