Првата Швеѓанка во вселената е морски биолог

Добивај вести на Viber

Џесика Мајер стана првата Швеќанка во вселената. Мајер (42) е морски биолог од Мејн, Соединетите Американски Држави, но има двојно државјанство, бидејќи нејзината мајка е од оваа скандинавска земја.

Вселенското летало Сојуз требаше вчера да полета од Казахстан кон Меѓународната вселенска станица ISS. Освен Мајер, во тимот е и Русинот Олег Скрипочк и Хаза Али Алмансури од Обединетите Арапски Емирати.

- Многу сум возбудена. За оваа мисија сонувам од мојата петта година - откри Мајер која работи како асистентка на Медицинскиот факултет на Харвард, но и во болницата во Масачусетс. Во астронаутскиот тим Group 21, НАСА ја одбра во 2013 година.