Првото бебе по стравичниот земјотрес во Ломбок ќе го носи ова име
Бројот на жртвите во земјотресот од 6,9 степени по Рихтер, кој го погоди индонезискиот туристички остров Ломбок и го засени соседниот Бали, се искачи на 91, меѓу кои нема странци, додека повеќе од 200 лица се повредени, а властите денеска објавија дека спасувачите не допреле до некои загрозени области.
Сепак и во овие тешки моменти една неверојатна приказна за првиот нов живот во Ломбок, носи надеж дека се ќе се среди и ќе биде подобро.
Индонезискиот Црвен крст на Твитер објави дека и помогнале на една жена да се породи по стравичниот земјотрес во здравствена установа во северниот дел на Ломбок, а таа на детето му го дала името „Гемпа", што значи земјотрес.
Мајката и детето се живи и здрави и донесоа барем малку среќа кај останатите.
Земјотресот со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала бил релативно плиток и се случил на длабочина од 30 километри. Околу 1.000 странски туристи се евакуирани од островите Гили и Бали.