Првото новороденче по земјотресот во Скопје на 26-ти јули 1963-та
,,Се сеќавам на топлата јулска ноќ, 25 јули 1963-та година кога ме хоспитализираа на одделението за гинекологија во Државната Болница во Скопје. Бев бремена во седми месец, а јас, сопругот и мојата 5-годишна ќерка со нетрпение го очекувавме новороденчето кое на светот требаше да пристигне на 18 октомври. Си го замислував мирното доаѓање на новото чедо и нашиот спокоен живот во семејниот дом на Козара 34, близу Државната Болница. Но, судбината сакаше поинаку….Цела вечер не можев да заспијам преплавена со мисли за иднината. Одеднаш, се слушнаа страшни звуци – мјаукање на мачки, виење на кучиња и страотни крици од другите животни кои се слушаа дури од Зоолошката градина, а јата птици се креваа во хаотичен лет над земјата. Беше мугра, многу се исплашив и се прашував што се случува. А потоа страшна, злокобна тишина. А потоа силен татнеж….Треперев од страв. Одеднадеш тлото под земјата започна силно, многу силно да се тресе и сфатив- земјотрес….Во животот немав почуствувано таков страв… Јас, докторите, медицинските сестри, и сите други пациенти како избезумени започнавме да излегуваме од зградата, сите стравувајќи за својот живот, завладеа сеопшта паника и страв…
Повеќе на овој линк.